Вкупната површина на ловиштето изнесува 20.286ha, а ловната површина 19.694ha. Од страна на концесионерот спроведен е систем кој бара максимално почитување на Законот за ловство и на ловната сезона од страна на сите ловци кои ловат на површината на ловиштето „Ниџе“. Ловиштето располага со сопствена ловочуварска служба и секој криволов е казнив согласно пропишаното во Законот.
Сите ловци кои би сакале да ловат на територијата на ловиштето „Ниџе“, потребно е да ги почитуваат правилата и да ги исполнуваат условите одредени со Законот за ловство
Секој ловец потребно е да се обрати до надлежните на ловиштето и обезбеди дозвола за лов која е во траење од еден ден. Согласно Законот, дозволата за лов може да биде издадена само на лице кое има положено ловечки испит.
Доколку е извршен застрел на дивеч, ловецот е должен истото да го пријави кај концесионерот. Трофеите од дивечот може да се изнесат од ловиштето, откако концесионерот за нив ќе издаде трофеен лист.
Застреланиот дивеч, деловите од дивечот и трофеите од дивечот можат да се држат, превезуваат и пренесуваат во ловиштето и надвор од ловиштето само со потврда за потеклото на дивечот, деловите од дивечот и трофеите од дивечот.
За сè што не е пропишано во овој информативен дел, важат правилата кои се пропишани со Законот за ловство
Секој ловец потребно е да стапи во контакт со надлежните на ловиштето, да достави уредно пополнета пристапница и обезбеди дозвола за лов која е во траење од еден ден. Согласно Законот, дозволата за лов може да биде издадена само на лице кое има положено ловечки испит.
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ:
Никола Дамески
070 255 961
е-пошта: n.dameski@yahoo.com