• За нас •

Hunting Area Nidze - За нас 1

Југоисточно од градот Битола, во областа позната како Мариово се наоѓа Ловиштето за крупен дивеч „Ниџе”. Вкупната површина на ловиштето изнесува 20.286ha, а ловната површина изнесува 19.694ha. Застапеноста на најразлични типови шуми, на дивечот му обезбедуваат природни засолништа што е многу значајно, особено во репродуктивниот период.

Hunting Area Nidze - За нас 2

Во ловиштето „Ниџе" застапени се дивата свиња и срната, но во одделни делови од ловиштето постојано се сретнува и дивиот зајак. Тој и покрај тоа што е ситен дивеч, се појавува во мал дел од површината на ловиштето и тоа на 1.200m надморска височина. Покрај овие видови, во ловиштето редовно или периодично се среќаваат и други видови дивеч како што се: јазовец, еребица камењарка, разни видови на гулаби, шумска шљука и други видови на пердувест и влакнест дивеч. Од дивеч без заштита се сретнуваат: волк, лисица, ласица, куна белка, куна златка, твор, страчка, јастреб кокошкар и други.

Hunting Area Nidze - За нас 3

Ловиштето „Ниџе“ има и историско значење стекнато за време на Првата светска војна, при што линијата на фронтот каде се бореле голем број на војници од разни европски земји, се протегала на дел од просторот на ловиштето. Тоа е дел од историјата на сериозен број на европски народи и поголемиот број на ровови, бункери и разни други остатоци од тоа време, во денешнината претставуваат значаен историско-културен споменик.

Hunting Area Nidze - За нас 4

„Еуроимпекс“ е концесионер и инвеститор во ловиштето „Ниџе“ и тоа од септември 2010 година, па во следните 20 години. Во ловиштето може да се лови во оградена и на отворена површина. А, репроцентарот располага со елени лопатари, горски елени, сика елени, берберски овци, дива свиња, срна и муфлони.

Ние имаме јасна цел - да се чекори нанапред, да се развива ловниот туризам и ловиштето „Ниџе“ да биде пример како треба да изгледа еден ловен центар на Балканот.

Од 2003 година, Даниел Воиновски е член на „Сафари Клуб Интернационал“ (“Safari Club Internacional“), а г-динот Кирил Воиновски од 2009 година. „Сафари Клуб Интернационал“ (“Safari Club Internacional“) е најголемата светска организација за лов и заштита на природата. Даниел Воиновски, своето повеќегодишно искуство го има стекнато во и надвор од Македонија. Меѓу земјите во кои ловното искуство било надградувано, може да се споменат: Јужно Афричка Република, Камерун, Танзанија, Зимбабве, Азербејџан, Киргистан, Нов Зеланд, Канада, Северна Америка, Русија, Франција, Шведска, Романија. Со своето повеќегодишно искуство, тој е достоен Претседател и еден од основачите на “Safari Club Internacional SCI Macedonia Chapter“, основан во јануари 2009 година.