ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Регионот „Ниџе“ се карактеризира со богата вегетација и животински свет. Вегетацијата во ловиштето овозможува добри услови за исхрана на дивечот како и природни засолништа преку присутноста на различни типови на шумски заедници како на пример: шумски заедници на даб благун и бел габер, даб горун, субалпската, горската и подгорската бука, борови и елови шуми и друго. Во највисоките делови од ловиштето, каде престанува шумската вегетација, се јавуваат разни алпски тревни заедници.

ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 1

Пределот на кој се простира ловиштето ги задоволува вкусовите на ловните туристи и на сите вљубеници во природата. Езерото „Чебен“ ја дополнува природната убавина на регионот. Растението кајмакчалански каранфил (Dianthus kajmaktzaianicus) е јужнобалкански ендемитет, присутен на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе на околу 2.500m надморска висина. Станува збор за многугодишно високопланинско растение, кое расте прилегнато кон почвата или малку исправено, така што образува многубројни гранчиња кои на врвот завршуваат со цветови.

Во ловиштето редовно или периодично се среќаваат: срна, дива свиња, зајак, еребица камењарка, разни видови на гулаби, шумска шљука и други видови на пердувест и влакнест дивеч. Од дивеч без заштита може да се сретнат: волк, лисица, ласица, куна белка, куна златка, твор, страчка, јастреб кокошкар и други.

ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 2
ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 3
ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 4

Врвот Кајмакчалан има свое високо историско значење за европските народи. Токму на ова ловиште во 1916 година, се одвивла познатата битка за кајмакчалан за време на првата светска војна. Како историска атракција, денес, може да се посетат големиот број на споменици, бункери и гробови, кои се цврст доказ за тоа време.

Ловиштето „Ниџе“ е атрактивна локација за многу посетители, ловци и туристи, поради богатата историја, природните убавини и дивечот.

ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 5
ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 6
ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 7
ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 8
ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 9
ПРИРОДНИ БОГАТСТВА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 10
СЛЕДИ НÈ ПРЕКУ
Страната www.HuntingInMacedonia.com.mk (www.HuntingInMacedonia.mk) е во сопственост на, и објавена од ЕУРОИМПЕКС ДОО.
со седиште на бул. Трета македонска бригада бр.72, Скопје, Македонија

© 2018 Ловиште „Ниџе“. Сите права задржани.