РАЗВОЈ

Во септември 2010 година, 20-сет годишната концесија за управување со ловиштето „Ниџе“ е доделена на „Еуроимпекс ДОО“, по основ на исполнување на критериумите на тендерот за Програмата за развојните можности.

„Еуроимпекс“ се обврза на сериозна инвестиција, стартувајќи веднаш со имплементација на проектот. За кусо време постигнати се сериозни и значајни резултати:

  • воведен ред во ловството -> максимално почитување на Законот за ловство и на ловната сезона од страна на концесионерот и сите ловци кои ловат на површината на ловиштето „Ниџе“,
  • формирање ловочуварска служба, униформирање и вооружување,
  • опремување на канцеларијата во Битола,
  • издавање на членски карти и сите пропратни документи согласно Законот,
  • за репроцентарот, извршено е оградување на 400 ha земјишна површина со 11 km ограда,
  • превземени мерки за заштита на дивечот од болести,
  • редовна евиденција на застреланиот дивеч,
  • изградба на складишта за храна,
  • изградба на водни акумулации,
  • изградба на одгледувачница за интензивен одгој на дива свиња,
  • развивање на ловна и пропратна инфраструктура и патишта,
  • изградба на ловна куќа
  • изградба на ловен хотел со 10 апартмани
  • изградба на ловочуварска куќа.

За потребите на репроцентарот, извршен е увоз 327 грла дивеч или подетално:

  • 100 елени лопатари (Dama Dama)
  • 73 горски елени (Cervus Elaphus)
  • 50 сика елени (Cervus Nippon)
  • 54 берберски овци (Barbary Sheep)
  • 50 муфлони (Ovis Aries).

Репроцентарот ќе допринесе кон зголемување на вкупниот број на дивеч во ловиштето, кој во моментов брои 500 грла, вклучувајќи ги и двата автохтони вида како што се срндачот и дивата свиња , а воедно преку овој концепт и 5-те вида дивеч ќе се реализира концептот на матични стада и истите во иднина сами ќе се размножуваат при што се очекува природен прираст од околу 40%. Секоја година одреден број на единки ќе бидат пуштани вон репроцентарот, со цел за нивна интродукција и репродукција.

Ние имаме јасна цел - да се чекори нанапред, да се развива ловниот туризам и ловиштето „Ниџе“ да биде пример како треба да изгледа еден ловен центар на Балканот.

РАЗВОЈ 1 РАЗВОЈ 2 РАЗВОЈ 3 РАЗВОЈ 4 РАЗВОЈ 5 РАЗВОЈ 6 РАЗВОЈ 7 РАЗВОЈ 8 РАЗВОЈ 9 РАЗВОЈ 10 РАЗВОЈ 11 РАЗВОЈ 12 РАЗВОЈ 13 РАЗВОЈ 14 РАЗВОЈ 15 РАЗВОЈ 16 РАЗВОЈ 17 РАЗВОЈ 18 РАЗВОЈ 19 РАЗВОЈ 20 РАЗВОЈ 21
СЛЕДИ НÈ ПРЕКУ
Страната www.HuntingInMacedonia.com.mk (www.HuntingInMacedonia.mk) е во сопственост на, и објавена од ЕУРОИМПЕКС ДОО.
со седиште на бул. Трета македонска бригада бр.72, Скопје, Македонија

© 2018 Ловиште „Ниџе“. Сите права задржани.