РЕГУЛАТИВА

Вкупната површина на ловиштето изнесува 20.286ha, а ловната површина 19.694ha. Од страна на концесионерот спроведен е систем кој бара максимално почитување на Законот за ловство и на ловната сезона од страна на сите ловци кои ловат на површината на ловиштето „Ниџе“. Ловиштето располага со сопствена ловочуварска служба и секој криволов е казнив согласно пропишаното во Законот.

Календар, ловна сезона


  АПРИЛ МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ ОКТОМВРИ НОЕМВРИ ДЕКЕМВРИ ЈАНУАРИ ФЕВРУАРИ МАРТ
СРНДАК                        
СРНА                        
ДИВА СВИЊА                        
ЕЛЕН ЛОПАТАР          
 
 
           
КОШУТА ЛОПАТАР                        
ОБИЧЕН ЕЛЕН                        
КОШУТА ЕЛЕН                        
ДИВОЈАРЕЦ                        
ДИВОКОЗА                        
ЗАЈАК            
 
 
 
 
 
     

Правила

Сите ловци кои би сакале да ловат на територијата на ловиштето „Ниџе“, потребно е да ги почитуваат правилата и да ги исполнуваат условите одредени со Законот за ловство

Секој ловец потребно е да се обрати до надлежните на ловиштето и обезбеди дозвола за лов која е во траење од еден ден. Согласно Законот, дозволата за лов може да биде издадена само на лице кое има положено ловечки испит.

Доколку е извршен застрел на дивеч, ловецот е должен истото да го пријави кај концесионерот. Трофеите од дивечот може да се изнесат од ловиштето, откако концесионерот за нив ќе издаде трофеен лист.

Застреланиот дивеч, деловите од дивечот и трофеите од дивечот можат да се држат, превезуваат и пренесуваат во ловиштето и надвор од ловиштето само со потврда за потеклото на дивечот, деловите од дивечот и трофеите од дивечот.

За сè што не е пропишано во овој информативен дел, важат правилата кои се пропишани со Законот за ловство.

Дозволи

Секој ловец потребно е да стапи во контакт со надлежните на ловиштето, да достави уредно пополнета пристапница и обезбеди дозвола за лов која е во траење од еден ден. Согласно Законот, дозволата за лов може да биде издадена само на лице кое има положено ловечки испит.


ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ:


Никола Дамески
070 255 961
е-пошта: n.dameski@yahoo.com



Преземи пристапница


Ценовник


Годишна членарина 6.000 денари
Дневна дозвола за дива свиња 100 денари
Дневна дозвола за срндак 600 денари
Дневна дозвола за срна (групна) 600 денари
Отстрел на дива свиња 1.000 денари (без разлика на големината)
Отстрел на Срна 6.000 денари
Отстрел на Срндак 6.000 денари (без разлика на трофејната вредност)
Отстрел на волк, лисица и друг штетен дивеч по договор
СЛЕДИ НÈ ПРЕКУ
Страната www.HuntingInMacedonia.com.mk (www.HuntingInMacedonia.mk) е во сопственост на, и објавена од ЕУРОИМПЕКС ДОО.
со седиште на бул. Трета македонска бригада бр.72, Скопје, Македонија

© 2018 Ловиште „Ниџе“. Сите права задржани.