Сафари Клуб Интернационал 1

Сафари Клуб Интернационал

„Сафари Клуб Интернационал“ - Safari Club International (SCI) е најголемата светска организација за лов и заштита на природата и животинскиот свет. Основана е во 1979 година во Аризона, а нејзиното мото гласи: „Лидер во заштитата на ловството и глобално промовирање на програмите за зачувување на дивиот свет“.

Денес SCI има преку 190 оддели (поглавја, секции, сектори исли сл.) и преку 50.000 членови кои активно се завземаат за ставот на SCI против криволовот. Сите оддели максимално ги поддржуваат напорите на организацијата за заштита на дивечот во светски рамки, совладување на техники за беспрекорно препарирање и даваат подршка кон едукативните и хуманитарни проекти кои можат да направат значителна разлика кон подобро.

Годишните конвенции на членовите на SCI се одвиваат во Невада, во чиј склоп покрај одлучувањето за значајни прашања, секоја година се одвиваат и изложби на препарирани специфични видови животни.

Од 2003 година, г-динот Даниел Воиновски, концесионерот на ловиштето „Ниџе“, е член на „Сафари Клуб Интернационал“, а г-динот Кирил Воиновски од 2009 година. Г-динот Даниел Воиновски, своето повеќегодишно искуство го има стекнатно во и надвор од Македонија. Меѓу земјите во кои ловното искуство било надградувано, може да се споменат: Јужно Афричка Република, Камерун, Танзанија, Зимбабве, Азербејџан, Киргистан, Нов Зеланд, Канада, Северна Америка, Русија, Франција, Шведска, Романија. Со своето повеќегодишно искуство, тој е достоен Претседател и еден од основачите на “Safari Club Internacional SCI Macedonia Chapter“, основан во јануари 2009 година.

Секое заинтересирано лице може да биде член во македонскиот SCI оддел (Macedonian Chapter), a партиципацијата за годишно членство изнесува 6.000 денари. За повеќе информации контактирајте нѐ.

Сафари Клуб Интернационал 2
СЛЕДИ НÈ ПРЕКУ
© 2018 Ловиште „Ниџе“. Сите права задржани.